Наизменично постење – нутритивен тренд со стари корени

Постот е практика која вклучува потполно воздржување од јадење или избегнување на одредена храна за одреден временски период. Тоа се практикува со векови, првенствено за религиозни цели.

Во последниве години, наизменичното постење (Intermittent Fasting) стана сè попопуларно кај луѓето кои сакаат да изгубат телесната тежина или да го подобрат своето здравје.

Постојат различни методи на наизменично постење. Општо земено, тоа вклучува многу низок внес или никаков калориски внес 1 – 4 дена неделно, а регуларна консумација на храна во останатите денови. Поддржувачите тврдат дека овој стил на јадење е поодржлив од традиционалните диети.Ова се најпопуларните методи:

Метод 16/8: Овој метод вклучува прескокнување на појадокот и ограничување на вашето секојдневно јадење во период до 8 часа. Потоа се пости 16 часа.

Јади-Стоп-Јади: Ова вклучува пост од 24 часа, еднаш или двапати неделно, на пример, ако не јадете од вечерата еден ден до вечерта следниот ден.

Диета од 5: 2: Со овој метод, консумирате само 500-600 калории за два последователни дена од неделата, но јадете нормално другите 5 дена.

Периодите на постот го забрзуваат расчистувањето на токсините што ги оставаат мртвите и оштетените клетки, процес познат како автофагија. Неуспехот на автофагијата да остане во чекор со акумулираните клеточни остатоци се верува од многу научници дека е една од главните причини за хроничните болести поврзани со стареењето.

Позитивните ефекти на овој тренд се утврдени во различни студии на животни и луѓе. Во 2007 година од Универзитетот во Калифорнија, Беркли, академиците заклучија дека наизменичното постење може да помогне во:

  • Намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

  • Намалување на ризикот од рак.

  • Понизок ризик од дијабетес (барем кај животни, податоците за луѓето биле помалку јасни, веројатно затоа што пробните периоди во студиите не биле доволно долго за да покажат ефект).

  • Подобрување на когнитивната функција.

  • Заштита од некои ефекти на болести на Алцхајмеровата и Паркинсонова болест.

Што да јадете во дозволените периоди?

Важно е калорискиот внес да биде дефиниран според индивидуалните потреби. За сите оние кои имаат дилеми како и што да јадат тука е онлајн страницата на Виталиа, каде можат да добијат персонализиран план на исхрана од нутриционист според индивидуалните карактеристики. Да комбинираат совршен сооднос на протеини, јаглехидрати и масти кои треба да се внесат во организмот за да се постигне добра виталност.

Разновидноста на храната подразбира внесување интегрални жита, суперхрана, протеини од растително потекло и храна со ниска содржина на шеќери и масти, на витамини, минерали и биоактивни компоненти – сите основи за одржување на баланс, разновидност и редовност во секојдневната исхрана.

За разлика од порано, денес е лесно да се примене имајќи го в предвид големиот асортиман на производи кои не само што ќе не снабдат со неопходните нутритивни состојки туку и ќе уживаме во нивните вкусови и разновидност. Еден од најпознатите домашни производители на здрава храна Виталиа навистина има асортиман од кој ќе креирате совршена исхрана. https://www.vitalia.com.mk/mk/products/

Придобивките од постот се неверојатни и воздржувањето од храната може да биде позитивно за нашата благосостојба и здравје, па организирајте го соодветното мени, исчистете го организмот и подгответе го за потоплите денови.

x

Check Also

Користете ја технологијата за добро и научете основни допири за самопреглед на дојка

Со креирање на микросајтот www.pauzazapregled.mk, Телеком ја користи технологијата за добро како ...