Најбараната сукња од ZARA за есен/зима 2018

Портокалово-црната миди сукња од Зара, со „молив“ крој, е најбара од есенската колекција на оваа популарна „хај-стрит“ модна марка.

Карираната сукња во впечатливи нијанси веќе е ѕвезда на Инстаграм. Иако е во силно портокалова боја, лесно може да се комбинира со модни парчиња во неутрални тонови, а одлично „стои“ со сино или виолетово џемперче.

Ние би ја носеле и на работното место, со бела кошула и портокалов (или црн) пуловер или кардиган.

x

Check Also

Анастасија Ј. Гапиќ: Трендовска плус-сајз колекција за есен-зима за жени со самодоверба

За трендот оваа сезона есен-зима за дамите со облини, како и потребата ...