Најдобар сојузник на диетата: Лимонада со јаготки

Сезона е на јаготки. Оваа слатка и здрава намирница е богата со витамини и минерали, а не содржи многу калории, па затоа се смета и за најдобар сојузник на диетите.

 

За да ја подготвите оваа вкусна лимонада со јаготки потребни ви се 600 грама свежи јаготки, 2 лимона, лажица мед и 6 филџани вода.

Јаготките исчистете ги, измијте ги и исечете ги на половина. Лимонот излупете го и исечете го на четвртинки. Овошјето ставете го во блендер, додадете два филџани вода, лажица мед и се заедно добро измешајте.

Ако не ви е доволно слатка, може да додадете уште една лажица мед. Потоа додадете ги и останатите 4 филџани вода и повторно измешајте.

Лимонадата со јаготки се служи разладена, а може да додадете и неколку коцки мраз.

Одлична е за освежување меѓу оброците.

 

x

Check Also

LIVSANE… За живот полн енергија

LIVSANE ги инспирира посетителите на Водно кон повеќе здравје Здравјето е едно од ...