Најдобри природни лекови против грип и настинка

Не мора веднаш и за најмала настинка да трчате на лекар, понекогаш е попаметно да останете дома и да се затоплите, да испиете чај со лимон и мед и да се лечите на природен начин.

gr1

Лимон и витамин Ц

Лимонот и витамин Ц при настинка и грип се задолжителни. Зголемето го внесот на витамин Ц на 1 грам три пати дневно. Држете го лицето над топла вода во која претходно сте ставиле цеден сок од лимон. Вирусите и настинките не поднесуваат топла пареа, а лимоновиот сок делува како природен антибиотик.

Потење

Ако не го спречите грипот во почетна фаза, пробајте со потење. Отровите излегуваат преку потта. Употребете лековити билки кои го загреваат телото (кинеска маст, алга сан), а маст може да направите и сами комбинирајќи силни зачини. На тој начин ќе ја подобрите циркулацијата. Помешајте во еднакви размери ѓумбир, црн пипер и лута пиперка со лажица мед или во свинска маст. Напијте се ѓумбир растворен во топла вода пред спиење. Затоплете ги стапалата во купка од сенф – во леген топла вода ставете малку сенф, додадете сода бикарбона и држете ги нозете петнаесеттина минути во водата.

gr4

Против кашлица – Прополис

Најдобро средство против кашлање е прополис. Содржи богата мешавина од витамин Б и минерали. Растворете 15 капки од прополисот во половина чаша топла вода, додадете лажичка мед и испијте ја напивката пред спиење. Во напивката може да додадете и изрендан лук, многу помага. Ако чувствувате дека кашлицата не се смирува, пијте повеќе чај од липи. Одлично средтсво против кашлање на природна база е и Про Бронхи, достапно во продажба во сите поголеми аптеки. Се употребува исто како и Прополисот.

gr2

За црвено грло – лимон и мед

Исцеден лимон и мед во чаша жешка вода се испробан рецепт со кој се смирува воспаленото грло. Може да сварите и вода и сол и што почесто во текот на денот со неа да го плакнете грлото.

За затнат нос- инхалација

Инхалирајте на тој начин што во зовриената вода ќе додадете масло од еукалиптус, мајчина душичка, бор, лимон и лаванда. Маслата делуваат антисептично.

gr3

Избирајте ја храната

Немојте да јадете млечни производи, јајца, шеќер и сок од портокал бидејќи го поттикнуваат создавањето на слуз. Наместо тоа, јадете лук и кромид. Може да земете лук и во апчиња. Хомеопатските препарати како што се aconitum napellus и ferrum phosphorica, може да помогнат побрзо да се надмине вирусот и грипот.

x

Check Also

Зошто да користите морска сол?

Морската сол содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето, ...