Најдобри сирења за фит форма

Љубителите на сирење, дури и кога е во прашање диетата, нема да се откажат од ова вкусно јадење. Но кои сирења имаат најдобра нутритивна вредност, а кои да ги користиме кога се грижиме за добрата линија?

Еве го одговорот.

Овче сирење не е најсреќен избор за диета, иако според многумина е највкусно. Од сите сирења содржи најмногу маснотии, па ќе мора да го дегустирате во многу мала количина и само во посебни прилики.

Свежото кравјо сирење, и покрај маснотиите и јагленохидратите кои ги содржи, може да се препорача како дел од диеталната исхрана зашто има пониска калорична вредност, односно во 100 грама има 103 калории.

Богато е со протеини, а особено се препорачува на спортисти. Може да се козумира и како замена за месо. Педијатрите го препорачуваат во секојдневната прехрана на малите деца поради калциумот, фосфорот и магнезијумот кои ги содржи.

Подобро од кравјото сирење е козјото сирење кое е познато и по лековитите својства. Со редовна конзумација го намалува шеќерот во крвта и лошиот холестерол, има антиканцерогени својства, го зајакнува имунитетот, а ги лечи и проблемите со алергиите и бронхитисот.

x

Check Also

Искористете го вашиот биоритам за да ги „стопите“ килограмите

Можеби не сте знаеле дека можете да го искористите вашиот биоритам за ...