Времето помеѓу појадокот и ручекот ни изгледа долго особено кога сме на работното место. Во случај на глад, нутриционистите советуваат дека најдобро е да посегнете по утринските грицки, доколку сакате да загубите килограми. Кои грицки нема да не здебелат, ќе не заситат и ќе ни помогнат во борбата со вишокот на килограми?
Парче сирење со една јаболка
30-на грама немасно сирење исечкајте го на мали парчиња и додадете исечкана јаболка. И двете намирници се богати со влакна и ќе ве заситат.
Чаша јогурт со јаготки
Јогуртот е одличен извор на протеини и ќе ви даде енергија полесно да го издржите работниот ден. Во немасниот јогурт додадете шака сечкани свежи јаготки.
2 варени јајца и еден портокал
Јајцата се нискокалорични и одличен извор на протеини. Сварете две јајца и комбинирајте ги со портокал за да го зголемите внесот на протеини и влакна.
Интегрални крекери со путер од кикиртики
Во големата понуда во супермарктите лесно ќе најдете нискокалорични, интегрални крекери. З меѓуоброк неколку од нив комбинирајте ги со путер од кикиритки кој содржи многу протеини, а не содржи шеќери.
Шака фастаци
Бадемите се подеднакво одлични за топење на масните наслаги, но за меѓуоброк на работното место подобро е да се одлучите за шака фастаци. Имаат слични нутритивни вредности како и бадемот, но овие, поради лупењето, подолго ќе ги јадете.