Најдобрите совети за млад & совршен изглед

 Совети кои треба да бидат ваш секојдневен „бјути“ ритуал :

makeup-beauty-20

  • За меки кутикули секојдневно на рацете нанесете вазелин или маслиново масло.
  • Пред парфемот нанесете лосион на кожата. Така мирисот ќе трае подолго.
  • Кога ставате крем на лицето, внимавајте тоа да го правите така што движењето на рацете да биде насочено нагоре. Никогаш не го правете тоа кон долу .
  • Подлогата е многу важна и не заборавајте да ја нанесете пред пудрата кога се шминкате.
  • Исчистете го лицето пред спиење. Измијте се со сапун, нанесете тоник, а ноќната крема избегнувајте ја освен ако не ви е неопходна. Кожата мора да диши.
    060-424040001rgbfinal
  • Кога нанесувате крема нанесете ја и на вратот и деколтето.
  • Ставајте маска на лицето најмалку еднаш неделно, а можете и почесто доколку за тоа имате време.
  • Ако сакате да го истакнете окото, нанесете молив за очи како бојата на кожата во долниот дел под окото. На тој начин вашата маскара ќе биде поистакната, а очите покрупни.
  • Ако не можете да ја одредите вистинската нијанса на течната пудра, можете да ја направите така што ќе измешате две нијанси.
  • Избегнувајте да ја отстранувате шминката со влажни марамчиња, освен ако специјално не се наменети за тоа.
  • Доколку досега не сте употребувале шампон за суво миење на косата, сега е вистинското време да почнете. Ќе ви заштеди доста време.
  • Сакате вашиот маникир да трае подолго? Нанесувајте безбоен лак на секои два дена.

x

Check Also

Сите се луди по новиот тренд на коса за есен 2020, од Џенифер Лопез до Кејти Холмс

Се прашувате кој е најголемиот тренд меѓу фризурите за есен 2020 година? ...