Најефикасно отсранување на влакна: Направете сами египетска депилација

Египѓанките ја употребуваат од најстарите времиња, но овој тип на депилација се повеќе станува модерен денес и во Европа. Ваквата депилација вклучува само природни состојки, а доколку редовно се употребува со текот на врмето влакненцата на кожата стануваат се поретки и нивното растење се забавува.

depilacija 123

Египетската депилација е погодна за сите видови на кожа, а особено се препорачува за оние кои имаат чувствителна кожа. Дополнително, состојките кои се користат во создавањето на таканаречената шеќерна паста за депилација придонесуваат и за мазна и нежна кожа.

Шеќерната паста за депилација лесно се подготвува и многу е поевтина од сите креми за депилација кои можат да се најдат во продажба.

Потребно е – 2 чаши шеќер, 1/4 чаша вода , 1/4 чаша сок од цеден лимон и 1 лажичка мед

Подготовка на шеќерна паста

Во лонче ставете го шеќерот и оставете полека да се растопи мешајќи (не на силен оган). Додека смесата сеуште е густа и нецелосно растопена додадете го сокот од лимон и водата. Намалете ја уште малку температурата, а смесата оставете ја да се вари уште пет до десет минути односно додека не добие црвенкасто-златна боја. Постојано мешајте. Потоа, тргнете лончето од ринглата и енегично мешајте се додека пената од површината сосема не исчезне. Додека е сеуште топла, смесата претурете ја во стаклен сад.

Сега кога ја добивте шеќерната паста нанесете ја на кожата (кожата мора да е сува), во насока спротивна од растењето на влакната. Откако ќе се засуши пастата, со енергично и брзо движење повлечете ја од кожата, на ист начин како што се прави при употреба на восок за депилација. Повторете ја постапката на секој дел од кожата .

 

x

Check Also

Што треба да смените за да го забавите стареењето на лицето

Создавањето на брчки многу зависи од типот на кожата, но и од ...