Најголем и најразновиден избор на џемпери најдовме во Pull&Bear (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Зимската колекција на Pull&Bear ни донесе широк избор на џемпери за секаков вкус.

Во прв план, тука се популарните таканаречени „грди божиќни“ џемперчиња со зимски или новогодишни мотиви на нив, а по нив доминираат предимензионираните плетки во неутрални тонови.

За оние кои сакаат посмели бои, во понудата има и црвени, зелени и сини џемпери кои одлично „стојат“ облечени над кошула со поткрената крагња.

Освен новогодишни, забавни и „кежуал“ модели, во Pull&Bear најдовме и елегантни примероци кои беспрекорно ги надополнуваат деловните модни избори, особено кога ги носиме во комбинација со „пенсил“ сукња во неутрални тонови или женствени панталони со риги.

Погледнете ја фотогалеријата и одберете си го вашиот зимски фаворит.

 

 

 

x

Check Also

Victoria’s Secret со колоритни костими за капење за лето 2020

Супермоделот Тејлор Хил е ѕвезда на новата рекламна кампања за костими за ...