Најинспиративни модни профили на Инстаграм што треба да ги следите

Понекогаш ни треба мала инспирација како да внесеме свежина во стилот. Модата доаѓа во различни стилови, а да се најде оној кој ви одговара може да биде прилично тешко ако не знаете што барате.

За среќа, тука е Интернетот, па постојат различни „места“ од каде може да се земе инспирација. Ви треба инспирација? Тогаш погледнете во Инстаграм профилите на овие девојки кои се вистински инспиративни модни жарчиња.

Gala Gonzalez

Ако не сте нови во модниот свет, тогаш Gala Gonzalez може да ви звучи познато. Таа е меѓу 10-те највлијателни девојки во модата на Инстаграм. Ако размислувате што да облечете на следниот важен настан, нејзините постови сигурно ќе ви помогнат во која насока да почнете да размислувате. Гонзалез често постира секојдневни модни изгледи, дневни модни комбинации, но бидејќи е присутна на модните недели во светските метрополи, постира и фотографии од „зад сцената“.

Mimi Wade

Ако сте љубителки на ретро стилот, тогаш без размислување, модната личност на Инстраграм за вас е Mimi Wade. Модните комбинации која таа ги носи се инспирирани од стилотвите на 60, 70, 80, 90-те години, но секогаш вклучувајќи модерни модни парчиња.

Olivia Smith

Таа е модна инфлуенсерка на Инстаграм од која најдобро ќе се информирате за најновите трендови и новите колекции. Па доколку сакате да се инспирирате како да искомбинирате трендовски модни парчиња, погледнете го профилот на Оливија.

Peepy and Mother Lee 

Кога ќе додадеме хумор во модата, се станува полесно, а луѓето „заразно“ ги привлекувате. Тоа е потврдено од Peepy and Mother Lee, моден новинар и неговата мајка. Не само што се облекуваат екстравагантно, туку и ќе ви дадат куп забавни идеи.

x

Check Also

Ким Кардашијан позира за колекцијата SKIMS и е многу секси

Ким Кардашијан позира за кампањата SKIMS Cotton Collection. Колекцијата ќе биде лансирана ...