Најк ги повлече производите поврзани со Коби Брајант од продажба

Неверојатно е и да се помисли, по веста за смртта на Коби Брајант, во неделата на 26. јануари, има фирми кои не изгубија време и се обидоа да заработат. Цените на облеката и додатоците поврзани со спортистот се зголемуваат на страниците за повторно продавање, а на социјалните мрежи постои трка да се дознае кој модел е полесен за заработка.

Па така, Најк реши да ја заземе страна на еден од најсилните и најлегендарни спортисти, кој има долга историја на соработка со марката, отстранувајќи ги сите производи на марката поврзани со Брајант од продажба на Интернет.

На главната Интернет страница на Најк,  и на сите страници кои водат до производите кои се однесуваат на Брајант, стои емотивна порака: „Мамба засекогаш. Како милионите спортисти и навивачи ширум светот, и ние сме потресени од трагичната вест. Испраќаме најдлабоко сочувство до најблиските на Коби, особено до семејството и блиските пријатели. Тој беше еден од најголемите спортисти на својата генерација, а неговиот придонес во светот на спортот и кошаркарската заедница беше немерлив. Тој беше многу сакан член на семејството Најк. Енормно ќе ни недостасува. Мамба засекогаш “.

 

x

Check Also

За кои 4 работи треба да размислиме кога купуваме на попуст?

Кој може да им одолее на попустите? Излозите на продавниците велат “Повелете“, ...