Познато е дека „Најк“ создава врвни патики, но веруваме, никогаш не сте виделе еден ваков пар.
Овие „Ер Џордан 1″ од светски познатата спортска компанија се дизајнирани од уметникот Даниел Џејкоб. Скулпторот и претходно дизајнирал блескави патики, но како одговор на барањата на неговите Инстаграм следбеници, овој пар патики е прв од неговите креации што е замислен да имаат функција на чевли.
„Мојата работа долго време беше само скулптура, но минатата година добив стотици барања да направам „Ер Џордан“ патики кои ќе бидат како скулптури. Толку многу побарувачка за нив, па не можев да одолеам. Решив да ги дизајнирам во омилената боја – златната “, објаснува Џејкоб.
Секако, овие патики се добиваат по нарачка, а содржат дури 15.000 Сваровски кристалчиња, додека за да се изработи чифт потребни се три недели. Чинат 6.500 долари.