Најлошите „бјути“ изгледи на црвениот тепих на 2019 Златен Глобус

Освен со креациите кои ги носеа, ѕвездите на црвениот тепих на 2019 Golden Globes ги покажаа и модните трендови во козметичката индустрија како и популарните фризури. Некои тоа го направија супер успешно, како Лејди Гага, некои помалку успешно, а трети беа вистински „бјути“ промашувања.

Лејди Гага – на врвот на листата на најуспешни „бјути“ изгледи

Модата на црвениот тепих на Golden Globes обично е опишана како забавна. За разлика од другите церемонии, на овој настан на ѕвездите им се дозволени експериментирања со стиловите, па затоа видовме најразлични „бјути“ изгледи – од нагласено зелени сенки за очи, индиго маскари до сини нијанси на коса. Секако, видовме и класични изгледи кога шминката е доведена до перфекција, како и елегантни црвени кармини.

Четири „бјути“ изгледи, за жал, се издвоија како најлоши на годинешниот црвен тепих на Golden Globes. Меѓу нив, предводеше американската актерка и пејачка Маја Рудолф, која покажа што се случува кога лош бронзер ќе се нанесе на добро лице.

Маја Рудолф со „испржен“ изглед

По неа, глумицата Франсија Рајса покажа што значи да се одбере погрешен кармин во неутрална нијанса, која дополнително воопшто не и се согласува со тенот. И не само таа утка, туку и пунџата која изгледаше како да е направена за посета на фитнес час.

Франсија Рајса – подготвена за фитнес час

Глумицата Џуди Грир пак, покажа како буквално изгледа изгледот „само што станав од кревет“. Иако е убаво косата да биде „неформално“ средена, но во нејзиниот случај таа изгледаше премногу несредена.

Џуди Грир – како тукушто разбудена

На листата на најлоши „бјути“ изгледи се најде и Амбер Херд. Стилистите ја оценија нејзината фризура како конфузна, особено кога се гледа од профил. На плус страната пак, е изборот на црвен кармин, кој дава гламурозен изглед.

Амбер Херд со „меси“ фризура

x

Check Also

Погледнете ја 49-годишната Наоми во фотосесија за списанието WSJ

Октомврискиот број на списанието WSJ го краси црната пантерка – Наоми Кемпбел. 49-годишната ...