Шведската модна марка H&M ја ласнираше новата кампања која се фокусира на најнеопходни есенски модни парчиња.
Така, според H&M во првите есенски денови најнеопходни ни се плетивата – џемперите во неутрални бои кои лесно се комбинираат со сукњи и панталони. Тука се секако и чизмите, високи или пак, со висина до глуждовите, но секако главни додатоци кога е во прашање надополнувањето на изгледот.
Сомотските панталони се враќаат на модната сцена, а палтата од вештачко крзно – никогаш не биле вака убави!
Погледнете ја фотогалеријата.