Најнови трендови за стилизирање на вашата коса

Пролетта 2014 година e можност за нов изглед и трендовски фризури! Ако сакате да знаете што е во мода кога станува збор за фризури, ние ви ги донесовме најновите трендови на фризури кои ги освоија и познатите дами. “Pixie” стил се враќаат кратките фризури, а асиметричниот Боб ќе го направи голем секој изглед. Романтична нота ќе дадат малите локни кои на долга коса изгледаат прекрасно – мали кадрици од сите облици и големини – изберете сами. Но, ако сакате да изгледате елегантно, префрлете ја косата на едната страна.

Фризури за кратка коса

Pixie стил

Се враќа лудилото на “Pixie” фризура! Оваа разновидна фризура донесува остри и асиметрични линии. Оваа симпатична кратка фризура може да се види на познатите ѕвезди како Ен Хатавеј, Џенифер Лоренс, Ема Ватсон .

FFN_KM_SAG_Arr_011814_51308912-490x623

Кој вели дека кратките фризури не можат да бидат слатки и женствени?

Асиметричен Боб

Ако сте во потрага за слатка, но не драстична промена за долга коса, обидете се со асиметрична Боб фризура која доаѓа во сите облици и големини, а тоа ја прави совршена за одличен и уникатен изглед. Оваа фризура ви овозможува да формирате различни должини и текстури во одлична фризура. Познати ѕвезди кои ја носат оваа фризура се: Карли Kлос, Френки Сендфорд и Марион Котијар.

bijonse1-490x631

Фризури за средна должина на коса

Брановиден Боб

Една од омилените фризура за пролетта 2014 година e – Оригиналниот Боб! Слатки лесни кадрици ќе го подигнат волуменот на косата на вистинското ниво – ниту премалку ниту премногу. Лесните кадрици на долга коса изгледа толку симпатично, а ќе одговараат на било кој изглед. Она што е одлично за оваа фризура е тоа што изгледа многу природно, свежо и модерно.

Природни кадрици

Среќните девојки со природни кадрици доаѓаат на свое! Трендот на големи и бујни кадрици се враќа. Слатко, заводливо и секси!

FFN_Bunchen_Gisele_GGFF_110613_51254030-490x723

Фризури за долга коса

Лесни бранови

Бушавиот, брановиден изглед ќе биде супер тренд за пролетта 2014 година. Лесните бранови одлично ќе и  прилегаат на секоја жена со долга коса.

FFN_KM_LACMA_Gala_110213_51250602-490x651

Меките кадрици изгледаат симпатично и романтично, а се одличен избор за многу прилики – деловни, секојдневни, модерни

Коса на страна

Одлична фризура за долга коса која зрачи со елеганција и едноставност!

x

Check Also

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА АВГУСТ: Многу љубов за водните знаци, незаборавен за Лавовите

Во август планетата Венера ќе го напушти знакот на Близнаци и ќе ...