Најново во Киндер Парк: Летни работилници секој ден

На работилниците вашите деца ќе можат да присуствуваат секој работен ден од 12 часот до 17 часот, доколку нема организирана прослава работилниците ќе се организираат и во попладневните часови.

13.06.2016 – МОРСКИ СВЕТ
14.06.2016 – ЗООЛОШКА ГРАДИНА
15.06.2016 – ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
16.06.2016 – ЦВЕЌЕ/ПРИРОДА
17.06.2016 – СЕМЕЈСТВО

kinder 1

kinder 2

Основната цел на работилниците е стимулирање на љубопитноста, креативноста и фантазијата на децата. Преку најразлични тематски изработки, натпреварувачки игри и цртежи, стручнит тим на Киндер Парк ќе се погрижи вашите деца да се едуцираат на забавен и креативен начин.

kinder 99
На прашањето што го прави Киндер Парк најпопуларна детска игротека во градот, менаџерката на Киндер Парк, Ирена Голомеиќ ни одговара:

„Најпрво, ви благодариме на епитетот најпопуларна. Киндер Парк по својата содржина претставува мултидимензионален објект, бидејќи е совршен за реализација на летни и зимски родендени. Воедно е место кадешто можете да го испиете вашето кафе или да уживате во вашиот ручек. Нашата игротека нуди целосен аранжман во поглед на организирањето на родендените. Нашата понуда ги покрива сите аспекти за организирање на еден роденден: летна/зимска игротека, удобно сместување на вашите гости, пијалок, кетеринг, декорации, балони, анимација и други активности. Со сето ова, верувам, се издвојува и се категоризира како популарна игротека“.

kinder 3

kinder 90

Инаку, Киндер Парк располага со разновидни реквизити за сите возрасни групи на деца. Летната игротека претставува забавно игралиште со модерни реквизити, кои децата го обожуваат. Тука е и лавиринтот распространет на 40м2 на 2 нивоа, двојна трамболина, дел адаптиран за деца на помала возраст,славенички дел и детска гардероба.

Киндер Парк се наоѓа во Градскиот парк во Скопје (поранешна „Опатија“). Повеќе информации може да најдете на Фесбук страницата – ТУКА. 

x

Check Also

Петочки Midday Madness забава со KiNK од 17 часот во Three Kitchen & Bar

По некое време, повторно журка продуцирана по светски стандарди со врвен артист, ...