Најоригиналните изгледи на црвениот тепих на American Music Awards 2018

Изгледот на ѕвездите на црвениот тепих непосредно пред започнувањето на Американските музички награди 2018, е подеднакво спектакуларен како и самото доделување на наградите.

Џенифер Лопез

Перформансот на Тејлор Свифт на отворањето, за малку не го урна Твитер, барем на неколку минути, но воопшто не разочара ниту црвениот тепих – мигови кои со внимание ги следеше светот и преку своите компјутери.

Порано, овој црвен тепих беше препознатлив како патека на која се покажуваат изненадувачки и експериментални модни изгледи. Незаборавна е шокантната руса коса на Селена Гомез, како и кожата и синџирите кои на овој црвен тепих ги носеше пред неколку години Кајли Џенер.

Годинава пак, изненадувањето беше што видовме многу повеќе елегантни изгледи на ѕвездите.

Погледнете ги во фотогалеријата.

 

x

Check Also

Изглед на денот: Виолетовиот фустан на Кејт Мидлтон (сличен модел има во Marks & Spencer)

По шестмесечниот постпородилен период на пауза, кој го помина уживајќи со малиот ...