Најосвежителниот пијалок за топлите денови, дотеран по ваша мерка

Лимон! Тоа е тоа. Но зошто да не го разиграте малку.

lemon000

Лимонада знаеме сите да направиме – за 4-5 чаши доволни се 2-3 малку посочни лимони, ладна вода многу мраз. Доколку лимоните се помали или не толку сочни, исцедете уште еден или два. За оние кои немаат проблем со калориите, а во зависност и од вкусот се додава и малку шеќер. Шеќерот може да го измешате во чаша или пак за поголема количина да го сварите со чаша вода – така најубаво се растопува, За 4 чаши најчесто се доволни по 6-8 лажички шеќер.

limin1

 

Но, и најубавиот пијалок ќе ви здосади доколку го пиете секој ден по неколку пати. Затоа, направете ја лимонадата малку поинаку и уживајте во различните вкусови и изглед. Еве неколку идеи како да ја дотерате лимонадата.

lemon3

Може да додадете малку цеден сок од портокал или грејпфрут, миксана лубеница или боровинки.
За украсување, но и за добивање прекрасна арома изберете ливчиња од нане, босилек или рузмарин.

Во лимонадата според ваш вкус може да ставите парчиња од следниве овошја:лубеница, праска, капини, малини, јаготки. За максимално освежување пробајте лимонада со краставица.

Возрасните може во вечерните часови да додадат и малку водка и да направат пријатен летен коктел.

lemon2

 

Еве еден прекрасен рецепт за овој освежителен пијалак и упатство како да го направите.

x

Check Also

Не е се до цената: Како да препознаете и купите квалитетно маслиново масло

Ги знаеме здравствените предности на маслиновото масло и секако сакаме да одбереме ...