Најплатениот машки модел на светот – Шон О’Прај

25 годишниот синоок Американец, Шон О’Прај, со заработка од над над 1.5 милиони долари во минатата година, го надмина досегашниот најплатен модел Дејвид Генди (инаку најпознат по соработката со Долче и Габана), кој заработи „само“ 1.4 милиони долари.

sean-o-pry

Приказната за успехот на Шон О’Прај е типично американска. Претпоставувате веќе, случајно откриен тинејџер кој денес го живее американскиот сон.
Шон ја започна својата кариера на 17- годишна возраст, кога беше откриен од Ноли Мерин (сопственик на АИМ модел менаџмент од Њујорк и позната модна икона и ТВ личност), кој што случајно ги видел сликите на Шон на неговиот профил на Мајспејс (MySpace.com).

sean-o-pry-next2

Шон О’Прај во најновата колекција на Некст [Next]

sean-opry-NEXT_3

Шон О’Прај за Некст

Sean-o-pry0

 

За многу кратко време Шон стана многу популарен и беше ангажиран од најпознатите фирми од светот на модата меѓу кои: Келвин Клајн (за кој неколку сезони беше затитно лице), Версаче, Д&Г, Армани, Ферагамо, Ралф Лорен, Трусарди и многу други, a се појави и во спотот на Мадона (Girls gone wild).

Трет на листата со заработка од 1.1 милиони долари е Сајмон Несман. Останатите машки модели се под 1 милиони долари заработка.

david-simon

Дејвид Генди и Сајмон Несман

Може веднаш да кажеме дека ова е една од ретките професии каде мажите заработуваат многу помалку од нивните женски колешки. Имено Жизел Будшен, со заработените 47 милиони долари има над 30 пати поголема заработка од Шон.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...