Најпопуларни трендови за свадби кои ќе ја обележат 2018 година

Сезоната на свадби е во најголем ек. Многумина летото, а особено месецот август, го одбираат за месец во кој ја закажуваат својата венчавка, но популарни за венчавање се и септември и октомври. Ако ја планирате и вие вашата свадба, информирајте се за најголемите трендови во 2018.

Доминација на сина боја

Од свеќи и украсни панделки во сина боја, до детаљи во сина боја кои ќе ја украсат просторијата или отворениот амбиент за венчавање.

Наместо класични црно-бели покани, определете се за покани во сина боја.

Костумот на младоженецот во боја на црно вино

Иако кај нас сеуште доминира трендот младоженците да носат класични црни одела во комбинација со бела кошула, во светот е поинаку – годинава, апсолутен хит се костумите во боја на темно црвено вино. Проверена комбинација која одлично „стои“ и ако само горниот дел од костумот е во боја на црно вино, а панталоните во сива или црна нијанса.

Мермер

Мермерот повторно е „ин“. Овој тренд лесно ќе парира со билокоја тема за која се одлучите. Тоа што започна како тренд во домот, сега се префрли и на свадбениот свет.

Висечки цветни аранжмани

Наместо да ги украсите масите со цвеќиња, актуелен е трендот на висечки цвеќиња. Овие висечки цвеќиња модерно е да бидат во розова боја во комбинација со силни бои. Поиграјте си со нијансите!

Свадбена торта во боја

Тортата е ѕвезда на свадбената вечер. Вкусовите и формата секако изберете ја според вашите желби, но земете предвид дека во „игра се“ шарените торти, зашто таквите торти одлично изгледаат на фотографиите (но и во чиниите). Подеднакво модерни се и тортите во силни бои – сина, зелена, црвена, жолта.

x

Check Also

Први тротинети и велосипеди за најактивните корисници на апликацијата HalkEco  

  Апликацијата HalkEco на Халкбанк  со која се стимулира пешачењето, трчањето, возењето ...