Најпродавани: Белите сандали од MANGO се Инстаграм хит

Шпанската модна марка Манго продолжува пријатно да не изненадува со модни парчиња од пролетната колекција кои за брзо време стануваат бестселер.

Овојпат, тоа се белите сандали со висока потпетица кои веќе ги облекоа највлијателните модни блогерки низ светот. И сосема очекувано, сандалите станаа хит на Инстаграм.

Кожените сандали со ременчиња имаат потпетици високи 10 сантиметри што ги прави идеални за работната атмосфера, но и за вечерни забави. Уште едно нешто ги прави посебни – а тоа коцкастиот облик кај петата и прстите.

Трендовскиот дизајн не е единствената нивна предност, туку и бојата. Белите сандали секогаш добро ни доаѓаат за едноставни модни комбинации, па ги носиме и со фармерки и со фустани со цветен принт, како и со вечерен „мал црн“ фустан.

x

Check Also

Листа на желби: Карирани чевли од BERSHKA за есен 2018

Карираните материјали и принтови остануваат актуелни и оваа есен. BERSHKA во есенската ...