Најскапиот леб во светот се меси во Шпанија и се наросува со злато

Некои земји имаат недостиг од леб, а во некои пак, лебот служи и за престиж. На пример, во Шпанија.

leb 2

Шпанската пекарница Пан Пина, лоцирана во селото Алгаточин, користи златен прав за да го произведе најскапиот леб во светот. Сопственикот на пекарницата, Хуан Мануал Морена идејата за создавање на луксузен леб ја добил од една друга шпанска продавница која пак го произведува најскапото кафе на светот благодарение на златниот прав со кој се наросува кафето.

Купувачи има, и тоа од сите страни на светот, а малата пекарница во селото стана вистинска туристичка атракција. И сопственикот на Пан Пина е задоволен, оние кои нема да купат златен леб, кој инаку чини над 90 евра, купуваат од неговите колачиња.

 

x

Check Also

Започна продажбата на HUAWEI MateBook 14s на македонскиот пазар

Потрошувачите кои ќе го купат уредот до 31 јануари 2022 година добиваат ...