Златен медал за Хонг Конг.
Сите поголеми метрополи имаат барем една улица на која се нанижани луксузни бутици, улица на која (и само гледајќи) може да се ужива во неодоливата гардероба, чевли, накит…
Но колку навистина чини да се изнајми еден бутик на овие славни шопинг улици?
Како и секоја година, и годинава, агенцијата Кашмен&Вејкфилд се обиде да одговори на ова прашање, класифицирајќи ги модните улици во најголемите метрополи на скалилото на луксузот, според цената.
Во анализата беа вклучени 334 шопинг-улици во 64 земји, а се анализираше цената на изнајмување на бутикот и луксузните производи кои се продаваат, но и животниот стандард во конкретната земја.
Златниот медал припадна на Козвеј Беј во Хонг Конг, која веќе втора година по ред го зема приматот на Петтата Авенија во Њујорк, благодарение на фактот дека тука еден квадратен метар за изнајмување чини 25.000 евра.
Второто место припадна на 5-та Авенија, на њујоршкиот Менхетен, а бронзениот медал го доби авенијата Шанз-Елизе во Париз, со цена на изнајмување на бутик по квадратен метар од 20.700 до 13.255 евра.
По нив следува славната лондонска Њу Бонд Стрит каде изнајмување на бутик по квадратен метар чини 8.666 евра.
Потоа е Токио со 8.152 долари.
6-та на листата е миланската виа Монтенаполеоне со 7.500 евра за квадратен метар.
М.Бенети