Најскапото велигденско зајче може да се јаде две години

Луксузниот портал VeryFirstTo.com многу сериозно пристапи на сите значајни празници. По прославата на „анексплозив Кристмас“, сајтот сега нуди раскошен Велигден со најекстравагантното чоколадно зајче.

zajce 1

Луксузниот примерок ее рачна изработка на наградуваниот консултант за десерти, Мартин Чиферс, кој го направи зајчето во соработка со луксузната златарница „77 дијаманти“.

Зајчето високо околу 38 сантиметри, тежи околу 5 килограми, а направено е од ултрабогато чоколадо од Танзанија.

Блескавите очи на зајчето се кристални. Поточно, направени се од дијаманти.

zajce 2

Чиферс потрошил два дена на креација на зајчето создавајќи уникатен мастерпис. Покрај нозете на зајчето додадени се три чоколадни јајца обвиткани со златна обвивка со посебна блескавост.

Производот би ве чинел 49.000 долари, но не грижете се, никој не ве тера да изедете 5 килограми чоколада за еден ден (патем, тоа се цели 548.000 калории). Ако го чувате во вистински услови, може да грицкате од него цели две години.

x

Check Also

E-banking како ново нормално при користење на банкарските услуги

Во последниве две години, како последица од глобалната пандемија, научивме како паметно ...