Најслатки чорапчиња со зимски мотиви најдовме во WOMEN’SECRET (одлични за прослава во домашна атмосфера или за подарок)

Собирате идеи за празничен подарок? Па да, Нова година се ближи, а ако сакате да ги избегнете претпразничните шопинг метежи, еве една прекраса идеја за подарок. На ваквите подароци вистинската предност им е што со нив никогаш нема да погрешите, едноставно – тие немаат утка, практични се, и пред се – преслатки се!

WOMEN’SECRET

Чорапчињата со зимски мотиви, меки и топли, се во центарот на нашиот интерес редовно во декемвриската сезона кога мака мачиме што да им подариме на блиските за новогодишните и божиќните празници, подарокот да биде неодолив, а при тоа да не потрошиме куп пари. И никогаш не сме згрешиле кога сме одбрале чифт чорапчиња со зимски мотиви, кои супер се вклопуваат и во празничната (домашна) атмосфера. И редовно, попатно, купуваме по некој чифт и за себе, зашто ништо толку добро не ни го поткрева расположението, во врнежливиот или снежниот период.

WOMEN’SECRET

Еве го нашиот овогодишен избор, се разбира, од омилените WOMEN’SECRET. И не заборавајте, во продажба се достапни и кутивчиња во форма на книга кои содржат 6 пара чорапчиња. Совршен подарок!

 

x

Check Also

Џиџи Хадид носи ремен и елек од новата колекција на MANGO

Топ моделот Џиџи Хадид е фотографирана во „кежуал“ издание, во макси фустан ...