Најтешките денови за секој астролошки знак во 2020 година. Во, денови внимавајте на…!

Кои денови ќе бидат најтешки за хороскопските знаци во 2020 година и како може да се надмине тешката ситуација, со време.

Овен

Една од најпрецизните карактеристики на родените во знакот на Овен е дека тие секогаш се во брзање, се движат од една до друга работа набрзина, и едвај одвојуваат момент за да здивнат. На 17-ти февруари ова ќе ги доведе во неволја кога нивната владејачка планета, Марс, ќе се пресели во знакот на Јарец, заедно со Сатурн и Плутон. Така, би можеле да се јават проблеми на работното место со претпоставените или пак, да добијат казна од сообраќајната полиција. За да се избегне неволјата, во периодот околу 17.февруари, Овните ќе треба малку да забават, внимателно да возат, прописно да паркираат и да внимаваат што зборуваат.

Бик

Бикот сака да биде се под контрола, па затоа родените во овој знак би можеле да доживеат големо вознемирување на 13-ти мај бидејќи ќе се затресе нивната банкарска сметка. Владејачката планета, Венера, ќе биде  ретроградна во знакот на Близнаци, односно во втората куќа, на парите. Да не заборавиме дека Уран, непредвидливата планета, транзитира низ Бик, така што сосема е можно Биковите да имаат неочекуван трошок околу на 13-ти или во деновите околу овој датум. Затоа, планирајте си со време, и чувајте мала заштеда за неповолниот период.

Близнаци

Кај Близнаците би можеле да се појават проблеми со нивниот углед кој ќе се доведе до прашање и / или во односот со партнерот, на 2-ри септември, според она што ќе се случува на небото. Полната Месечина во Риби ќе ја осветли 10-та куќа на Близнаци и ќе биде во квадрат со сонцето на Близнаците, додека Сонцето и Меркур во Девица ќе бидат во опозиција на полната месечина. Сето ова интензивно дејствување врз „аголните“ куќи на Близнаците (4-та и 10-та) може да укаже на крај, распад, разводот или привремен пад од благосостојбата. Секако, станува збор за многу тежок ден. Испланирајте си однапред, за транзицијата што ќе се случи да ја дочекате смирено и полесно да ја пребродите без поголеми последици.

Рак

Ракот во изминативе две години имаше предизвикувачки период, бидејќи и Сатурн и Плутон во Јарец беа во опозиција на нивното Сонце, затоа односите беа ставени на тест…Сепак, на 21-ви јуни ситуацијата може да кулминира. Ако врската е многу тешка, на пример, ова може да биде денот кога таа ќе заврши. Во секој случај овој тежок ден е ден кога ќе се заокружат сите нерешени проблеми со партнерот што траат долго време. Чаре? Долги и смирени разговори, доколку можат да помогнат, или поддршка од семејството и пријателите – побарајте ја со време, пред овој датум.

Лав

Како знак кој ја цени гордоста, ништо не е полошо за Лавот отколку да открие дека партнер има афера или дека некој прави нешто зад неговиот грб. Лунарното затемнување на Месечина се појавува во знакот на Рак 10-ти јануари и во периодот околу овој датум. Затоа, преземете чекори и бидете што е можно поискрени и побарајте и другите да бидат искрени со вас.

Девица

За Девицата работите може да тргнат низ удолнина на 13-ти октомври. Владејачката планета на Девица, Меркур, ќе се повлече во знакот на Шкорпија (во 3-та куќа), а Месечината ќе биде во Девица тој ден. Затоа тоа може да биде ден кога ќе имате проблем со автомобилот, кога компјутерот нема да работи или можеби ден полн со секаков вид на погрешна комуникација. А може дури и да добиете порака, наменет за некој друг, и да останете шокирани од откритието.  Ако ова се случи, немојте бурно да реагирате, за да не ја влошите ситуацијата.

Вага

Вагата се стреми кон рамнотежа и хармонија во својот живот, а најверојатно Вагите ќе имаат хаотичен ден на 12 февруари и периодот околу овој датум. Можеби ќе имате неочекуван трошок заради неопходно санирање на домот или евентуален проблем со некој член на семејството на кој му е потребна помош. Може да очекувате и неочекувани вестикои ќе ве вознемират и извадат од колосек. За да ја спречите оваа тензија од ѕвездите, мислите позитивно!

Шкорпија

Шкорпијата е многу интуитивна, па затоа може да чувствува однапред кога доаѓаат лоши денови. Најлош ден е 15-ти август кој може да донесе изненадување – на пример, партнерот може ненадејно да ве напушти. Уран, планетата на неочекуваното и генерално на распадот, ќе биде ретрограден во седмата куќа( на партнерства и брак). Така,минатите проблеми што се чинеше дека се решени, повторно ќе станат актуелни, не оставајќи на Шкорпијата друг избор освен да прифати дека работите со партнерот не одат веќе. Затоа, вложете ги напорите со време за да си ја сочувате врската.

Стрелец

На 14 мај, владејачката планета на Стрелец, Јупитер, се врти ретроградно  на Плутон. Внимавајте на пожар овој ден!  бидејќи сите огнени планетите се донекаде потопени во водни и земјени знаци.  Стрелецот оваа година има задача да учида биде сериозен и да не ги игнорира работите што имаат потреба од заздравување и подобрување. Па, така за да ја избегнете опасноста, треба да го промените со време начинот на ги гледате работите во вашиот живот. Во секој случај овој ден ќе биде денот кога ќе се свестат за тоа што е најважно за нив.

Јарец

На 12 јануари и деновите околу овој датум, Јарецот ќе биде „погоден“ од конјукцијата на Сатурн и Плутон. А Сатурн е водечка планета на Јарецот, па затоа може да очекувате животни промени. Како резултат на овој транзит, ќе ја почувствувате тежината на свои плеќи, и ќе почувствувате дека не можете да бидете среќни се додке ане направите некоја голема промена. Време е да го сотавите минатото зад вас, и да соберете храброст да ставите крај на работите кои ви тежат, без разлика дали е тоа промена на работното место, или прекинување на врска.

Водолија

На 3ти август, Водолиите ќе се мразат себеси поради своите постапки. Силата на Сонцето во својот дом, во Лав, се комбинира со емотивната Месечина што минува низ знакот, а тоа значи дека ќе треба да вложите огромен напор за да ги искажете емоциите. Згора на сето ова, Сонцето и Месечината прават сериозен аспект на владејачкиот знак на Водолија, на Уран, што носи уште поголем притисок за родените во Водолија. Така, ќе мора да излезете од својата удобна зона на размислување и да почнете да се менувате. Внатрешната тензија ќе може да ја надминете само доколку со време малку ги „олабавите“ работите и го смените погледот од друг агол.

Риби

Рибите може да имаат тежок ден – 12.јануари и деновите околу овој датум, кога Сатурн и Плутон ќе се соединат во нивната 11 куќа (на пријателства), додека Венера е ретроградна. Тоа може да предизвика Рибите да се почувствуваат длабоко осамени. Исто така, можно е да искусат и крај на едно пријателство или проблеми во социјалното опкружување. За Рибите полесно да го пребродат овој период треба да се насочат кон грижата на самите себе, и да ги валозризираат пријателите кои се покрај нив, добар дел од нив се лажни.

x

Check Also

Класично сина – боја на 2020 година според „Пантоне“

Италијанскиот Институт за бои, престижниот „Пантоне“ ја објави бојата на годината која ...