Нека крене рака оној кој не се согласува со нас дека италијанските креатори се врвни во измислување на нова „топла вода“, односно во создавање на нови и уште попрефинети дизајни.
Во центарот на нашиот моден интерес се секако, пролетните јакни. И додека ние би можеле да поминеме и со ланската мода, за нашите деца треба нова јакничка, зашто ланската им е веќе „порасната“.
Како да ја одбереме најдобрата јакна во градот?
Прво, гледаме на кројот и на материјалот за да биде пријатна за носење. Второ, кое често знае да биде и прво, се разбира дека гледаме на дизајнот! Трето, цената де.
Сите овие „прво, второ и трето“ ги наоѓаме во јакните на популарната италијанска модна марка Original Marines. И уште нешто повеќе наоѓаме – во оваа продавница достапни се модели и за оние кои веќе можеме да ги наречеме тинејџери. А тие се најкритични во изборот.
Инаку, трендовите на Original Marines јакни за бебиња, за малите мажиња од 2 до 10 години и за девојченца од 8 до 12 години, ги следат трендовите на модата за возрасни, па така тука се јакните од еко-кожа, шизичките тексасчиња, „бомбер“ јакните, шушкавците…
Не талкајте низ градот, најубавите јакни се на едно место – во продавницата Original Marines во Скопје Сити мол.