Најубавите модни изгледи на MTV Europe Music Awards 

MTV EMA 2018 се одржаа во Билбао, Шпанија, а на црвениот тепих (или подобро кажано – на розовиот тепих) продефилираа бројни ѕвезди од интернационалната музичка сцена, дотерани во свечена облека.

Доминираа ексцентричните модни избори, како и поп стилот. Годинава не видовме многу долги фустани, поголемиот дел од гостите всушност одбраа мини фустани, додека палетата од бои и детаљите не останаа незабележани – меѓу кои имаше и добри и лоши избори.

Дуа Липа и Камила Кабело го привлекоа најголемото внимание. Погледнете ги другите модни комбинации.

Метални нијанси носеа Хаили Стеинфелд (од Армани), Роуз Бертрам и Линдзи Лохан во Сен Лоран.

Дуа Липа носеше мини фустан со цветен принт од Сен Лоран.

Штрас – изглед одбра Бека Дадли.

Дана Паола со ремен со лого од Долче и Габана, додека Бебе Реџа носеше мини фустан од Москино од Џереми Скот. И двете изгледот го надополнија со чизми со висина над колениците.

Софија Рејес во Ермано Шервино.

За елегантни макси фустани се одлучија Ана Фернандез во Зухаир Мурад, Џордан Дан во Адневик и Камила Кабело во впечатлив црвен фустан.

Црни мини фустанчиња беше изборот на Ешли Симпсон и Лаура Вајтмор.

 

x

Check Also

Топ моделот Кејт Аптон се породи, бебето се вика Женевиев

Топ моделот Кејт Аптон, позната по своите раскошни облини и миленичка на ...