Највисоката книжарница во светот ги отвори своите врати

Се овтори највисоката книжарница во светот. Книжарницата е лоцирана на 52-от кат на Shanghai Tower, највисокиот облакодер во Кина.

Книжарницата е на површина од 2.250 квадратни метри, а се наоѓа на висина од 239 метри нудејќи спектакуларен панорамски поглед. Проектот за оваа книжарница е насловен „книга над облаците“ и токму тоа го нуди – љубителите на книга може да уживаат читајќи покрај или над облаците.

Книжарницата има и други функции – просторија за предавање, изложбен простор и две кафетерии. Инаку, располага со над 60.000 книги.

Интересни се проѕирните полици за книги кои потсетуваат на апстрактни планини.

 

x

Check Also

Reebok ја лансира колекцијата во соработка со Викторија Бекам, и многу е шик!

Спорската марка Reebok го најави вториот дел на колекцијата реализирана во соработка со ...