Најзборуваната венчаница продадена само за 5.500 долари

Се затвори аукцијата на венчаницата на една од најзборуваните свадби годинава, а венчаницата е продадена само за 5.500 долари.

fustan 2

Не станува збор ниту за фустанот Версаче на Анџелина Џоли ниту пак за фустанот од Оскар дела Рента на Амал Аламудин, туку за фустанот кој убавицата Елизабета Каналис го носеше на нејзината свадба со американскиот хирург Брајан Пери на 14 септември.

Моделот и тв-водителка Елисабета Каналис веројатно очекуваше многу повеќе од оваа аукција. Нејзината венчаница беше топ тема во странските медиуми  за забавување на јавноста, но сепак откако беше ставена на продажба со цел парите да се вложат во хуманитарни цели, излезе дека никој не е подготвен за неа да плати повеќе од 5.500 долари.

Инаку, романтичниот фустан на Каналис со сирена-модел, е со потпис на Алесандро Анџелоци, а на него се работеше со денови поради изобилството на рачни везови, тантела и свила, процес во кои беа вклучени десетици кројачи. Од Черитистарс пак проценуваат дека неговата вистинка вредност е 15 илјади евра.

 

x

Check Also

Наталија Водјанова, нова есенска невеста, му рече „oui“ на Антоан Арло

По објавувањето на свршувачката на 1 јануари, Наталија Водјанова му рече „да“ ...