Нежно,понежно, најнежно: Најженствениот часовник од Луј Витон

Женски часовник на кој не може да му се одолее: Томбур Монограм Анфини (Tambour Monogram Infini).

viton 3Томбур Монограм Анфини е уште еден екстравагантен примерок од колекцијата на часовници со потпис на  Луј Витон, според нас и најектравагантниот до сега.

Часовникот Томбур Монограм Анфини е елегантен часовник кој неодамна е претставен од модната работилница на Луј Витон.Направен е од розово злато, додадени се дијамантчиња, а стрелките се исто така од роозово злато. Дизајнот со циркони и дијаманчиња кој личи на цвет, под стаклото од сафир, само ја нагласува женственоста.

viton 2

За изработката се употребени над 100 дијаманчиња.

Часовникот доаѓа со сатенско ремче кое му додава екремната нежност. Водоотпорен е до 50 метри, а гаранцијата за часовникот е пет години.

Сеуште не е пуштен во продажба во сите бутици на Луј Витон низ светот, а цената му е 45.550 долари.

 

x

Check Also

Направете сами боси сандали

Инспирирани од индијската традиција, босите сандали влегоа во западниот свет и станаа ...