Во Њујорк синоќа се случуваше најважниот традиционален моден настан – Мет Гала или Мет Бал, кој во светот на модната индустрија се смета за најголемо модно дефиле на славните личности на црвениот килим.
Оваа година тема на настанот беше „From Punk To Couture“ што предизвика голема збрка кај многу дами кои во своите напори да излгледаат што повеќе панк се трансформираа во комични модни креатури. Чест на исклучоците.
Настанот традиционално е под покровителство на списанието Вог, па годинава Ана Вентур дозволи на црвениот килим да се појави и Ким Кардашијан, веројатно само поради нејзиниот иден сопруг од кого очекува дете, Кени Вест.
Лекција за добар вкус им одржа на сите младата Ема Вотсон.
Најневкусно облечена убедливо беше Мадона која му направи лоша реклама на „Живанши“ дополнувајќи го комплетот со искинати чорапи и розови чевли. Ништо подобра од неа во стилот – Бијонсе.