Накит во златна боја за жени со вистинска страст кон модата

Присуството на накит придонесува за формирање на целосен комплетен изглед. Наметнувањето на накитот од страна на модната индустрија не требаше да вложи посебен труд за да биде прифатен. Секоја жена со додавање на елегантно златно синџирче, ѓерданче, алка и обетки на себе ќе придонесе во разиграната содржина на надворешниот изглед.

tumblr_mcvl2wRCpN1qm1vx8o1_500

Златните додатоци можат да го направат надворешниот изглед магичен. А модните блогерки ни презентираат дека една едноставна комбинација, на пример на фармерки со џемперче, може да изгледа моќно ако додадеме златен масивен синџир, многу алки и прстени.

tumblr_lsscn34Ey61qfrtudo1_500

Славните ѕвезди како Ријана, Ким Кардашиан, Рита Ора и многу други ѕвезди од светската сцена уживаат во „играта“ со модни додатоци во златна боја и мора да признаеме одлично изгледаат . Овој тренд е толку застапен и толку долго се задржува на модната сцена што се чини дека и никогаш нема да биде напуштен, исто како и џинсот.

draft_lens19729725module161332143photo_1346128455 (1)

Една од причините што сите ги сакаат додатоците во златна боја е прифатливата цена, можат да ги купат во секој бутик за накит, за разлика од накитот од скапоцени камчиња, бисери и злато. Златните парчиња, кои сепак не се од чисто злато, се достапни за сите, па затоа ако сеуште не поседувате еден од овие модни додатоци набавете го.

tumblr_lkmdrpfY5k1qh7wqho1_500_large

Верувајте ќе стане ваш омилен детаљ откако ќе го видите резултатот на моќниот изглед кој предизвикува внимание. Жените низ целиот свет лудуваат по ремените, прстените, ланчињата и обетките во златна боја, без разлика дали се тие масивни, минијатурни, светкави или со мат- сјај, без разлика на вкусот и стилот кој ви лежи. И никогаш не се плашете да не претерате, никогаш не е премногу од  модни додатоци !

lion5 copy (1)
пишува Елена Јаневска
моден блогер & креатор на Macedonian Stylebook

elenas's blog

FACEBOOK: Elena’ s blog
FACEBOOK: Macedonian Stylebook

ПОДАРУВАМЕ !!!

Во соработка и избор на Елена Јаневска & Elena’s blog ја збогатуваме Вашата кутија за накит со уште едно парче накит во кое се заљубија и неодоливите Ријана и Ким Кардашијан.

Подарокот за оваа недела може да по погледнете на фотографијата подолу, а за оваа златна огрлица да го краси Вашето деколте потребно е само да уживате во сите модни приказни потпишани од Елена Јаневска и тимот на Макмода портал.

Читајте & споделувајте ги најновите содржини од официјалните FACEBOOK страни на : Macedonian Stylebook , FACEBOOK: Elena’ s blog, Makmoda Portal  & Makmoda .

pp pp pp

пишува Елена Јаневска

x

Check Also

Направете сами шарен летен ѓердан

Целата постапка е забавна и многу креативна, а резултатот може да ви ...