Топ 10 парчиња накит за новогодишната ноќ

Бидејќи деталите ги прават нештата комплетни и поубави од било кога, а особено кога тој детаљ е внимателно одбрано парче накит.

Го купивте фустанот во кој сакавте да заблескате за новогодишната ноќ, а сега само недостасуваат пар обетки, масивна алка или елегантен прстен кои ќе направат да блеснете во вистинско светло.

Металик приказната во бојата на златото кога е накитот во прашање успешно ја обзема цела 2017, а полека и сигурно влегува и во новата година во се посмели и поурбани варијанти.


Стариот џинс и едноставната бела кошула може исто така да биде супер новогодишен изглед кога би го надополниле со елегантни – светкави обетки и од лежерен стил истиот веднаш ќе премине во „празничен шик“.


Малиот црн фустан кој неколку години ве „спасува“ во последен момент веднаш може да добие нов изглед особено доколку го разиграте со најновиот тренд  наречен „бушави обетки“, а доколку не ги следите модните трендовите слепо големите „хулахоп“ или „хип-хоп“ обетки отсекогаш биле совршен избор, но овојпат „апдејтирани“ и секако со златен финиш.


Пердувчињата и пеперутките не останаа заробени во пролетата, и тие се дел од празничната бајка особено кога се изведени во металик сребрени и златни тонови.

Стариот руски вез од класичните кошули и блузи премина и на накитот, а една масивна алка со големи навезени рози и тоа како е одличен избор. На крај од денот ако сте љубители на накитот и повеќе ќе си „играте“ со него отколку што ќе го носите дефинитивно не сте зависник од аксесуари, но една добра мини-чанта ќе биде супер финиш на вашиот новогодишен стајлинг.

Помалку е секогаш повеќе, или повпечатливо кога е минимализмот во прашање или совршен избор доколку сакате да носите повеќе парчиња накиот одеднаш, секако вешто вклопени во целата приказна.


Доколку не ви се допадна нашиот топ 10 избор, кликнете на www.nakit.mk и одберете го парчето накит кое ви се допаѓа и совршено ќе се вклопи во вашиот новогодишен изглед.

Посетете ја официјалната фан страна на nakit.mk www.facebook.com/OnlineShopNakit

или одберете го омиленото парче накит на инстаграм: https://www.instagram.com/nakit.mk/

Нарачај онлајн: https://nakit.mk/

x

Check Also

Прослава на сината нијанса, & Other Stories ни носи сини модни парчиња

За крајот на зимата, модната марка & Other Stories ни нуди широк избор ...