Накитот на Блејк Лавли „тежи“ 4 милиони долари

За промоцијата на нејзиниот нов филм „ The Age of Adalineглумицата се преоблече дури 11 пати, но уште поимпресивно беше што Лавли носеше накит вреден 4 милиони долари.

nakit 1

Што би биле 11 модни комбинации без дијаманти?  Се разбира, треба да влечкате со вас и цело обезбедување кое ќе се грижи за ваквиот моден додаток, но за среќа на Лавли, со неа беше Лорен Шварц, сопственичка на една од најголемите компании за производство на накит, Шварц.

nakit 2

„Лавли има одлично око за да одбере накит, а има и посебна почит кон накитот. Не можете да посакате подобар модел. Таа се возбудува како мало дете кога ќе види убав накит, веднаш добива убава насмевка на лицето. Накитот е многу важен за неа како дел од целосниот изглед. Овој накит кој таа денес го носи вреди околу 4 милиони долари“, објаснува Шварц.

x

Check Also

Накит за на плажа 2015: Никогаш доволно од него!

Модните додатоци како чантата за плажа, шеширот и марамата не се единствени ...