Наместо појадок, за добро утро: Кафе со јајца и екстракт од ванила

Кафето со јајца и екстракт од ванила станува се побарано на утринското европско мени. Направете го овој расонувачки пијалок за добро утро.

Потребни ви се (за две лица) – три лажички црно кафе (нескафе), 1 филџан вода, 6 лажички засладено млеко, половина лажичка екстракт од ванила и 2 жолчки од јајце.

Изматете ги убаво жолчките од јајце заедно со екстрактот од ванила. Додадете ги лажиците млеко и продолжете да мешате се додека смесата не стане густа и пенаста. За матење може да употребите и електричен миксер.

Сварете го кафето во водата на вообичаен начин. Претурете го во два филџани за кафе. Врз него потоа додајте од пената со јајца.

x

Check Also

Битолско чоколадно млеко со 10 витамини за поздраво детство (ФОТО ВЕСТ)

Внесувањето здрави и корисни состојки што го поттикнуваат развојот на детскиот организам ...