Намирници кои го забрзуваат растот на косата

Различни билки можат да го забрзаат природното растење на косата. Нивната моќ е во тоа што имаат способност да го зголемат протокот на крвта во главата и на тој начин да обезбедат природен процес на растење на влакната.

kosa 2

Зелен чај

Зелениот чај е одличен сојузник во забрзаниот раст на косата. Поради антиоксидансите кои ги содржи, можете секојдневно да го пиете или да го користите како додаток на вашиот шампон или лосион за коса.

Компир

Водата која останува после варењето на компирот е уште еден природен лек кој може да го забрза растењето на косата. Прво измијте ја косата со водата од компирот, а потоа со вашиот омилен шампон.

Маска од јајца

Измешајте едно јајце со 50 мл маслиново масло и смесата нанесете ја на косата. Завиткајте ја косата со пешкир и оставете маската да делува 1 час, потоа отстранете ја. Повторувајте ја постапката еднаш неделно.

Семки од грозје

Одвојте ги семките од грозјето во количина колку за една голема лажица. Додадете им лажица маслиново масло и убаво измешајте. Смесата втријте ја во коренот на косата и оставете да делува 1 час. Потоа отстранете ја.

x

Check Also

Revalid®: Уште неколку дена до крајот на наградната игра за да освоите патување во Швајцарија

Имате уште неколку дена да купите еден од производите на Revalid® и ...