Намирници кои предизвикуваат надуеност на стомакот

Што да се прави со надуениот стомак? Надуениот стомак претставува мака за многумина од нас. Не само визуелно, туку и чувствуваме од него „тешкотија“.

Надуеноста на стомакот лесно се отстранува доколку од дневното мени ги отстраните следниве намирници, односно доколку количината на внесување од нив ја сведете на минимум.

Млечни производи – Млекото содржи лактоза (шеќер) кој телото тешко го прифаќа и оттука доаѓа до надуеност на стомакот. Избегнувајте го млекото дури и во кафето (капучино), бидејќи млекото во пена може да биде најлошо. Доколку не можете без млеко во текот на денот, заменете го со млеко од соја.

Газирани пијалаци – Нема полошо за надуен стомак од газирани пијалаци, дури и ако тие се во „диет“ (лајт) верзија. Истото важи и за газираната вода. Не само што предизвикуваат „отечен“ стомак, туку се и главни сојузници на појавата на целулитот. Заменете ги со свежо цедени сокови од цитрусни овошја.

Пченица – Белите јагленохидрати го зголемуваат производството на инсулин и предизвикуваат надуеност.

Печурки – Иако немаат многу калории, откако ќе изедеме порција печурки чувствуваме тежина. Причината е во шеќерот кој го содржат. Истото важи и за гравот, леќата и грашокот. Заменете ги со боранија.

Јаболка, цреша, крушка, праска, банана – Овие пет овошки во кои уживаме во текот на летото прават надуеност на стомакот. Содржат голема доза на фруктоза (шеќер) која тешко се „вари“ во организмот. Јаболката и бананата имаат најголем процент на фруктоза. Затоа избегнувајте ги доколку во текот на летото сакате рамен стомак.

Компир – И компирот предизвикува надуеност, бидејќи ја задржува водата во телото, а особено ако уште е и солен. Најлош е во пржена варијанта – маслото во кое е пржен долго останува во желудникот. Заменете го со сладок компир кој телото многу полесно го „вари“

x

Check Also

LIVSANE… За живот полн енергија

LIVSANE ги инспирира посетителите на Водно кон повеќе здравје Здравјето е едно од ...