Наоми, Џиџи и Бела Хадид на ревијата на Moschino x H&M 

Уште малку и колекцијата на  Moschino x H&M ќе биде во продажба во продавниците на H&M  низ светот, а во меѓувреме долгоочекуваната колекција беше претставена со модна ревија во Њујорк.

Модната ревија, на која се појавија моделите Џоан Смолс, Вини Харлоу, Кендис Свонепул и други, беше отворена со Џиџи Хадид на модната писта, а заврши со појавувањето на Наоми Кемпбел. Ѕвездата од 90-те години презентираше трендовски изглед носејќи сребрен мини фустан и црни чизми над колениците.

Џиџи Хадид пак, го отвори модното шоу облечена во црно-златна комбинација, со впечатливи хипи детаљи.

Во фотогалеријата, погледнете дел од ревијата и моделите на Moschino x H&M.

 

x

Check Also

Солидарност во бизнис секторот за справување со КОВИД-19

Правните лица кои ќе остварат донации преку Solidarnost.gov.mk ослободени од данок и ...