48-годишната убавица блеска во фотосесијата снимена за Вог и ја краси насловната страница на британската модна библија за март 2019.
Супермоделот Наоми Кемпбел е лице на мартовското издание на Вог. Фотографирана од врвниот Стивен Меисел, заштитното лице на „Нарс“ козметика е облечена во нови модели од Барбери. Насловната пак е карактеристична по психоделичниот изглед.
Во едиторијалот, Наоми позира во модни парчиња од пролетните колекции на Валентино, украсена со накит од Картие.