Наоми Кемпбел на насоловната на Вог, годините не и можат ништо!

Супермоделот Наоми Кемпбел со три насловни страници се појавува во јунската едиција на јапонскиот Вог.

48-годишната британска убавица е фотографирана од Луиџи и Јанго. На првата насловна страница носи фустан и чевли од Долче и Габана, на втората насловна е фотографирано нејзиното лице од близу, а на третата – таа носи мантил од Барбери.

Дека годините на нејзината убавина не и можат ништо, потврдува и тоа што „црната пантерка“ моментно е и лице на Шанел.

Во продолжение погледнете ја фотосесијата за Вог.

x

Check Also

Џулија Робертс во стилот на убава жена, речиси 30 години после филмот

Речиси 30 години од премиерата на филмот „Убава жена“, Џулија Робертс продолжува ...