Легендарната супермоделка блесна на модната писта во Париз за ревијата на Ив Сен Лоран.
Црната пантерка се врати на модната писта на Модната недела во Париз. Со ревијата на Ив Сен Лоран се затвори Модната недела.
На својот Инстаграм профил, Наоми напиша „Господинот Ив Сен Лоран веруваше во мене и секогаш беше до мене кога најмногу ми требаше поддршка. Благодарна сум за сите убави заеднички мигови. Гениј, креативец и визионер во модата. Многу ми недостига“.