Наполитански специјалитет: Велигденски куглоф со сирење и сланина

Казатиело наполетано (Casatiello napoletano) се подготвува едноставно за еден час, времето на печење е 50 минути, а времето на подигнување на тестото е три ипол часа. Резултатот – уживање во врвен вкус!

За тестото потребно е –  1 лажица квасец, 4 дл вода (млака), 600 грама брашно (плус малку брашно за да се нароси на работната површина), 2 лажички шеќер, 1 лажичка сол, прстофат црн пипер, 120 грама путер.

За полнење – 50 грама сирење пекорино, 100 грама кулен, 100 грама сушена сланина, 100 грама димен кашкавал, 50 грама пармезан.

За премачкување – 1 изматено јајце

За украсување – 5 велигденски јајца

vel 5

Подготовка

Претурете го брашното во голем сад, додадете го квасецот, сол, црн пипер, путер и на крајот млаката вода, па замесите тесто. Обликувајте го тестото во форма на куглоф и ставете го во намрсен сад и покријте го со фолија. Оставете го околу 1 час ипол за тестото да нарасне.

Наросете ја работната маса со брашно, премесете го тестото во правоаголна форма (околу 40 см на 65 см), отсечете ги лентите на краевите за да ја поправите формата, а истите ленти ќе ги искористите за завцрстување на фарбаните јајца на врвот на лепчето.

Ставете ги врз тестото изренданото пекорино, исечканиот кулен и сушена сланина, исечканиот димен кашкавал и изренданиот пармезан. Направете ролат од тестото во форма на куглоф, потоа ставете го во сад за печење за куглоф. Оставете уште еден час тестото да отстои за да се поткрене. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 200 степени.

Распоредете ги јајцата на врвот на куглофот и нежно пристиснете ги во тестото. Во форма на крст зацврстете ги со лентичките останати од тестото. На крајот премачкајте ја површината на куглофот со изматено јајце и печете го куглофот во загреана рерна околу 45-50 минути.

vel 3

 

x

Check Also

Пилешко со јогурт и есенски зеленчук, неповторлив вкус!

Пробајте го овој фантастичен есенски рецепт. Исечкајте го зеленчукот, додадете ги копанчињата ...