Направете чај за слабеење од три состојки

Три филџани од овој чај дневно помагаат за слабеење, особено на критичните зони како што се стомакот и колковите.

Состојки – зелен чај, цимет и ловоров лист.

Сварете 800 мл вода, тргнете ја од оганот и додадете едно стапче цимет, три ловорови листови и лажица сушен зелен чај. Поклопете и оставете да отстои 15 минути, а потоа исцедете.

Кога е метаболизмот во прашање, важно е да се знае дека најдобро време за негово забрзување е наутро, веднаш по будењето. Испијте ја првата шолја од чајот на празен желудник. Втората шолја испијте ја после појадокот, а третата навечер, непосредно пред спиење.

Првите резултати се видливи по една недела. Сите три состојки од овој чај одлично ги согоруваат мастите и го забрзуваат метаболизмот. Секако, секоја диета треба да биде проследена со рамнотежена исхрана и умерена физичка активност.

x

Check Also

Викендов се одржа четвртото издание на најголемиот настан за здрав и активен животен стил

На големо задоволство на јавноста, викендов се одржа четвртото издание на Health, ...