Направете чоколадно вино, и магијата веднаш ќе почне…

Магија се случува кога ќе го искомбинирате црвеното вино со чоколада. А рецептот кој ви го носиме, веруваме дека одлично ќе ви дојде во прзничната сезона, додека на Интернет веќе е хит.

Од намирници ви се потребни ( за две чаши) – 1 ипол филџан млеко (со 2 отсто масти), 1 шоља црвено вино, 1/3 филџан мелена темна чоколада и по желба шлаг за декорација.

Во сад ставете го млекото и чоколадата и состојките загрејте ги на умерена температура. Мешајте постојано додека чоколадото се стопи. Треба да добиете густа и кремаста смеса. Потоа, во смесата додадете го виното. Оставете го на умерен оган уште малку и мешајте, за убаво да се загрее.

Кога ќе биде готово, претурете го во чаши. На врвот може да ставите шлаг како декорација.

x

Check Also

Голока и Токсиколизи со првата заедничка колекција за скопските хипхопери

Денес (02.11.ПЕТОК) во скопскиот локал „Концепт 37“ со почеток во 20:00 часот ...