Направете чоколадно вино за супер расположение

Магија се случува кога ќе го искомбинирате црвеното вино со чоколада. А рецептот кој ви го носиме, веруваме дека одлично ќе ви дојде во прзничната сезона, додека на Интернет веќе е хит.

Од намирници ви се потребни ( за две чаши) – 1 ипол филџан млеко (со 2 отсто масти), 1 шоља црвено вино, 1/3 филџан мелена темна чоколада и по желба шлаг за декорација.

Во сад ставете го млекото и чоколадата и состојките загрејте ги на умерена температура. Мешајте постојано додека чоколадото се стопи. Треба да добиете густа и кремаста смеса. Потоа, во смесата додадете го виното. Оставете го на умерен оган уште малку и мешајте, за убаво да се загрее.

Кога ќе биде готово, претурете го во чаши. На врвот може да ставите шлаг како декорација.

x

Check Also

Skopje Beer Fest 2019: Големи музички имиња, повеќе од 30 концерти за 4 дена на 2 бини

Од 12-ти до 15-ти септември на стадионот на АРМ во Градски парк ...