Направете ја бисерна 2019 година со накитот MISAKI

„Last minute“ новогодишен шопинг? Може! Само ако знаете каде точно да се упатите. Наш избор за шопинг-дестинација е MISAKI.  

Без разлика дали сте во потрага по екстравагантен подарок или барате нешто за себе, за новогодишната ноќ, со вистинските бисери никогаш нема да згрешите.

Да ве потсетиме – Накитот MISAKI го создаваат врвни дизајнери од Монако, а нивната врска со јапонската автентичност на потеклото на бисерите, ги прави нивните уникатни креации уште поинтересни. Успехот се должи на вниманието кое се посветува на секоја фаза од производството, од бисери до дизајн. Фокусот е секогаш на модерните и иновативни дизајни, а гаранцијата е – оригиналност во стилот прилагоден за сите жени, без разлика на нивната возраст.

Екстравагантноста е во преден план. Секое парче е дизајнирано за да ја зголеми моќта на атракцијата и сензуалноста на женската фигура. Несомнено, секое парче накит ќе додаде гламур на секоја модна комбинација!

Држејќи до својата врвна репутација, MISAKI внимателно ги одбира продавниците низ светот кадешто го продава еклсузивниот накит. Кај нас, накитот MISAKI-јапонски бисери е достапен во продажба во: MISAKI Ramstore Mall, приземје 02-3224-860 и Beta Jewels Skopje City Mall, 1 кат, 078-357-132 и тел. 02-3246-698.

Тимот на MISAKI Ви посакува среќни новогодишни празници!

x

Check Also

Топ 5 модели на тексас сукњички од популарните модни марки

Се разбира дека таксасот никогаш не излегува од мода, а на пролет ...