Направете овошен јогурт со ѓумбир кој ги топи масните наслаги и целулитот

Едноставен рецепт за освежувачка и вкусна напивка која е идеална за меѓуоброк, појадок или вечера.

Од намирници потребно ви е:

  1. Јогурт – зашто совршено делува на мастите во телото и ја регулира пробавата, содржи добри бактерии кои го помагаат пробавниот систем.
  2. Боровинки, јаготки, капини, малини и/или рибизли – затоа што се силни антиоксиданси. Полни се со витамин Ц кој го поттикнува производството на колаген, ја негува кожата и го чува имунитетот.
  3. Ѓумбир – Ја подобрува циркулацијата, ја прави кожата помазна и помлада, гиотстранува грчевите и болката во мускулите.
  4. Банана – Содржи големи количини на калиум кој го регулира задржувањето на водата во организмот што пак го зголемува ефектот на целулитот на површината на кожата.

Напивката ќе ја подготвите на тој начин што во блендер ќе ги ставите ладниот јогурт, по желба може да додадете неколку коцки мраз, и сите останати состојки.

Поради силниот вкус на ѓумбирот не треба да претерувате. Отсечете парченце со големина како нокт на палецот. Во истата напивка може да додадете свеж лист од нане, малку цимет и мед. Бадемите се исто така одличен избор. ПИјалакот сервирајте го веднаш по подготовката.

x

Check Also

Нутириционистите тврдат: Ова е појадокот ако сакате да го „стопите“ стомакот

Ова е еден од најздравите и највкусните појадоци, зашто во себе содржи ...