Направете сами чај за слабеење од 5 состојки

Доколку чувствувате надуеност, а сакате и да се ослободите од насобраата вода во организмот, да направите детоксикација и да загубите некој килограм за брзо време, подгответе го овој час од пет состојки. Со овој чај може да бидете полесни до 3 килограми за една недела.

Во тенџерче ставете литар вода, додадете помала китка исечкан магдонос, и четири ќесички зелен чај. Оставете заедно да зовриат, а потоа тргнете го тенџерчето од оган и поклопете го.

Кога чајот ќе отстои и ќе се излади, исчедете го, па во него додадете 30 грама изрендан ѓумбир, 2 цедени лимона и  1 лажичка цимет.

Доколку сакате да го заблажите направете го тоа со лажица мед или захарин.

Претурете го ваквиот чај во пластично шише и ставете го фрижидер. Пијте го ладен во текот на целиот ден. Во чашата може да додадете мраз по желба и дополнителни парченца лимон.

x

Check Also

Нутириционистите тврдат: Ова е појадокот ако сакате да го „стопите“ стомакот

Ова е еден од најздравите и највкусните појадоци, зашто во себе содржи ...