Направете сами: Депилација со шеќерна паста

Оваа депилација која може да ја направите сами дома гарантира дека нема да имате иритираност на кожата, а влакненцата ќе бидат совршено и нежно отстранети.

Шеќерната паста која се подготвува само со природни состојки, се препорачува за отстранување на влакната на нозете, на рацете, но и на интимните делови од телото каде што кожата е исклучително нежна и чувствителна.

Како да ја подготвите?

Потребно ви е ¼ филџан сок од лимон (свеж), ¼ филџан вода и 2 филџани шеќер.

dep 2

Сите состојки добро измешајте ги и ставете ги во подлабок сад, потоа ставете да се варат на висока температура 5 минути. Кога смесата ќе почне да врие, садот тргнете го од оганот и претурете ја смесата во друг сад, најдобро метален. Смесата треба да личи како карамелизиран шеќер за колачиња. Оставете малку да се излади, но не премногу, па почнете да ја одвојувате дел по дел развлекувајќи ја смесата со прсти се додека не добие структура слична на мастика за џвакање. По потреба додадете капка вода, не повеќе.

Како да се депилирате?

Пред да почнете со депилацијата добро исчистете ја кожата на местата каде што планирате да ги отстраните влакненцата. Добро е на тоа место да ставите малку детска пудра во прав, за кожата дополнително да се исуши.

Постапката се изведува на тој начин што дел од пастата се нанесува на одредено место од кое сакаме да ги отстраниме влакната при тоа внимавајќи да се лепи спротивно од насоката на растењето на влакната. Потоа зелепеното парче паста се повлекува во насоката на растењето на влакната и готово!

По депилацијата кожата задолжително исплакнете ја со млака вода и нанесете крема.

 

x

Check Also

Причини поради кои брзо ви се создаваат брчки на лицето

Создавањето на брчки многу зависи од типот на кожата, но и од ...